Гаранција и рекламации
Кога имам право на рекламација?
Доколку примениот производ не е во согласност со описот на нашата веб-страница, е видно оштетен или не работи правилно, имате право законски да го рекламирате во рок од 30 дена од примањето.
Дали има некакви трошоци за рекламација?
Доколку рекламацијата е оправдана, купувачот не подлежи на дополнителни трошоци за испорака. Доколку приговорот е неоправдан, трошоците за испорака паѓаат на товар на купувачот.
Која е постапката за рекламација?
Кога ќе одлучите да рекламирате одреден производ, потребно е писмено да не известите преку е-пошта info@flamingoshop.net, телефон +389 78 591 624 или во порака преку нашата Facebook/ Instagram страница на следниот линк:
Facebook: https://www.facebook.com/people/Flamingo-Shop-NET/61560694418680/
Instagram: https://www.instagram.com/flamingo_shop_net/
Потребни податоци за рекламација:
1. Име и презиме на клиентот
2. Број на пратка (ќе го најдете на самиот почеток на испратницата)
3. Датум кога е направена нарачката
4. Назив на нарачаниот продукт
5. Причина за рекламација
6. Фотографии или видео (во случај на дефект или оштетен производ)
Доколку рекламацијата е оправдана, имате право да изберете: враќање на средства (рефундација) или да ви испратиме нов производ (замена). Производот потоа треба да биде спакуван во оригиналното пакување (некористен) и предаден на курир кој ви носи нова пратка (замена / рефундација). Не сносувате дополнителни трошоци за испорака
Доколку рекламацијата не е оправдана, а производот и оригиналното пакување не се оштетени, имате право да изберете: враќање на средства (рефундација) или да ви испратиме нов производ или друг производ со иста цена (замена). Доставата е на товар на купувачот.
За секое непочитување на условите на користење на производите, Flamingo го задржува правото да не изврши рекламација.