Достава
Која курирска служба ја врши испораката?
Flamingo соработува со курирската служба MEX Пошта и сите пратки се испраќаат преку нив.
Време на испорака
По успешна нарачка, пакетот го испраќаме истиот или наредниот работен ден. Времето на испорака е 1–2 работни дена.
Куририте ги доставуваат пратките на адресата за испорака во периодот од 08:00 до 16:00 часот. Ве молиме да обезбедите присуство на лице што може да ја преземе пратката во тој период.
Колку чини достава?
Доставата се наплатува во секој случај и чини 150ден (фиксен износ, без разлика на бројот на нарачани производи).
Начин на плаќање
Плаќањето се врши во готово, при преземање на нарачката.
Што ако производот се оштети при транспортот?
При преземање на пратката, задолжително извршете визуелен преглед на пакетот за да утврдите дали има видливи оштетувања.
Доколку забележите дека транспортната кутија е значително оштетена и се сомневате дека и производот е оштетен, одбијте да ја прифатите пратката и веднаш не известете.
Ако пратката на изглед е без оштетувања, слободно прифатете ја и потпишете ја адресницата на курирот.
Курирот се обидува да ја достави секоја пратка два пати. Доколку не ве најде на адресата, вообичаена пракса е да ве контактира телефонски на бројот што сте го оставиле при нарачката, за да се договори нов термин за испорака.
Ако ни по вториот обид не може да се изврши испораката, пратката ни се враќа нам. По приемот на вратената пратка, ќе ве контактираме за да го утврдиме причината за неуспешната достава и да се договориме за ново испраќање.
Работно време на курирската служба е од понеделник до петок.